Претставено е летечкото такси

Претставено е летечкото такси

Се остварува уште едно нешто што до сега го гледавме само во научна фантастика. Веќе ќе биде возможно да патувате со летечко такси. Во кина е претставен летечкиот такси систем наречен eHang 216.

Ова летечко такси кое овоможува патување, во суштина е еден дрон. Ова летечко такси кое во однос на величина и капацитет воодушевува, денес во градот Гуанжу во Кина е претставен. Компанијата која ни го оствари ова нешто со кое можевме да се сретнеме во научно фантастичните филмови е компанија наречене а eHang.

Според информации преземени од официјалниот веб сајт на eHang, летечкото такси eHang 216 ќе може да стигне до брзина од 130/h. Исто така да нагласиме дека за време на патување со летечкото такси eHang 216, ќе биде можно да се користи 4G и 5G врска.

eHang 216 ќе може да носи патници до 220kg тежина

Според информации од овластените на компанијата, летечкото такси eHang 216 ќе може да носи патници до максимална тежина од 220 кг. Исто така летечкото такси ќе биде целосно електричен и батеријата ќе може да се наполни целосно за само еден час. Летечкото такси ќе има отономен систем така што нема да се случи никаква човечка грешка. Овластените на компанијата додека ги наведоа сите потребни детали во врска со eHang 216, исто така нагласија дека немаат никакви грижи околу летечкото такси и дека имаат дозвола од Управа за Цивилно Воздухоплосвтсво на Кина.

Ху Хуажи, CEO на компанијата и основач на одделот eHang, наведува дека благодарение на eHang, транспортот ќе биде многу унапреден и дека ова решение ќе донесе нов здив на технологиите за воздухопловство и логистика.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments