Пристап до сите онлајн алатки

Пристап до сите онлајн алатки од едно место

Стандардниот корисник има константна потреба по често отворање одредени сајтови. Само денеска, колку пати проверивте пошта на Gmail, честитавте родендени на Facebook, го листавте Twitter, комунициравте преку Viber, или споделувавте фајлови преку Google Drive?

Station е бесплатна апликација која ги обединува сите вакви онлајн апликации и ви нуди пристап од една појдовна точка.

Сите апликации се организирани во соодветни категории, а доколку сакате, можете да вметнете ваши, дополнителни апликации кои не се официјално поддржани од Station.

Во моментот кога ќе ја средите станицата според ваш вкус, можете да одберете за кои апликации да добивате известувања, како и да управувате со повеќе акаунти за одредена услуга.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments