Пристигна Honor X10 Max

Пристигна Honor X10 Max

Honor официјално го претстави X10 Max смартфонот, по неколку недели тизери и гласини. X10 Max има димензии од 174,37 милиметри по должина и 84,91 мм ширина, што го прави еден од најголемите телефони на пазарот.

Телефонот поседува огромен 7.09-инчен IPS LCD екран со FHD+ резолуција и засек во кој е сместена 8MP селфи камера.

Honor сугерира дека X10 Max може да се користи како систем за приказ на информации во автомобилот, а уредот е опремен и со два звучника, со симетрични засеци во горната и долната половина од рамката.

X10 Max го покренува MediaTek Dimensity 800 5G чипсет, во комбинација со 6GB и 8GB RAM, како и 64GB и 128GB простор за складирање податоци. На задната страна се наоѓа главна камера од 48MP, секундарна 8MP камера, 2MP сензор за длабочина и LED блиц.

Капацитетот на батеријата изнесува 5000Mah и поддржува 22.5W полнење. За софтверска поддршка е задолжен Magic UI 3.1, преку Android 10 оперативниот систем.

Honor X10 Max ќе биде достапен во сина, сребрена и црна боја.

Продажбата во Кина почнува од утре, по цена од околу 270 долари 6GB/64GB конфигурација, околу 297 долари за моделот со 6GB/128GB и околу 354 долари за 8GB/128GB варијанта.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments