Пристигнаа нови телефони од Motorola

Motorola Moto E7 Plus и Moto G9 Plus

Се очекува дека Motorola наскоро ќе претстави два нови телефона од средниот сегмент – Moto E7 Plus и Moto G9 Plus.

Досега имавме прилика да слушнеме некои информации за двата уреда, како и да видиме фотографии од E7 Plus моделот, како и два листинга за G9 Plus.

E7

Moto E7 Plus има екран со засек, а ќе го напојува батерија со капацитет 5000mAh со поддршка за 10W полнење.Се очекува дека телефонот ќе го покренува Snapdragon 460 чипсет, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање.

Фотографиите покажуваат и сензор за отпечатоци од прсти и две камери на задната страна. Се очекува дека главната камера ќе има 48MP сензор.

G9

Moto G9 Plus пристигнува со punch-hole екран и засек за селфи камерата во горниот лев агол. На задната страна се наоѓа голем, правоаголен модул со четири сензори и главна камера од 64MP.

Сензорот за отепачтоци од прсти е сместен од десната страна на рамката, додека Google Assistant копчето е сместено од левата страна.

Знаеме дека телефонот ќе стигне со 4GB RAM и 128GB интерна меморија, ќе има 4700mAh батерија со 30W полнење.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments