Пристигнува најбрзиот полнач на светот

Пристигнува најбрзиот полнач на светот, од 0 до 100% за 20 минути

Кога веќе тоа е така, единствено на што можеме да се надеваме е дека ќе можеме брзо да го наполниме својот уред. Токму на јачината на полначите многу се работи во последно време, а сега границите се повторно поместени.

Компанијата Oppo најави дека наскоро ќе биде во продажба полнач за мобилен телефон кој има сила од 125W, под називот Oppo 125W Flash Charge.

Како што тврдат, тоа значи дека батерија со капацитет од 4.000mAh ќе може да се наполни до 41% во рок од само пет минути, а 100% во рок од 20 минути.

Ова е веројатно најбрзата технологија за полнење на мобилни телефони на пазарот.

Најавуваат и дека тоа вклучува и додатни 10 сензори за следење на температурата и статусот на полнење, а се ќе биде компатибилно со Type-C стандардот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments