Пристигнува поевтин Apple Watch

Apple следната недела ќе одржи дигитален настан

Apple следната недела ќе одржи дигитален настан, во текот на кој се очекува компанијата да се фокусира на Apple Watch и iPad уредите.

Apple Watch добива нова верзија секоја година, но овој пат се очекува дека компанијата би можела да претстави два нови модела, од кој едниот би бил подостапна опција.

Дојавувачот Jon Prosser објави некои информации за овој поевтин паметен часовник.

Поевтиниот модел ќе има дизајн што е сличен на Apple Watch Series 4, кој беше претставен во 2018. година, а има помали рамки и поголем екран.

Се истакнува и дека поевтиниот Apple Watch ќе пристигне во двете вообичаени големини – 40mm и 44mm.

Ќе има GPS и Celular варијанти како и сите останати Apple Watch модел. Најголемата разлика ќе биде во недостатокот на ECG функцијата, а нема да има ни always-on display.

Повеќе детали се очекуваат во текот на следната недела.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *