Пристигнува Samsung Galaxy S20 Fan Edition

Веќе некое време кружат гласини за подостапниот Galaxy S20 Fan Edition

Познатите типстери OnLeaks и Pricebaba објавија рендери за кои тврдат дека го прикажуваат Galaxy S20 FE (Fan Edition) 5G.

Уредот наводно има 6,4-инчен дисплеј, модул на камерата со познатиот изглед и други детали карактеристички за моделот S20, но задната страна е направена од пластика наместо од стакло. 

Како што е случај со основниот Galaxy Note 20, поради цената е жртвувано премиум чувството.

Samsung веројатно заштеди на меморијата и камерите како што тоа го направи со моделот Galaxy S10 Lite, но постои можност купувачите на новиот уред да не мораат да се задоволат со полош процесор.

Освежување од 120Hz, а ограничувањата веројатно се однесуваат на намалување на RAM меморијата на 6 до 8 GB, поскромни камери, вклучувајќи ја главната камера од 12, ултраширока од 12 и телефото од 8 MP со оптички зум.

Galaxy S20 Fan Edition се очекува на јужнокорејскиот пазар во октомври по цена од 750 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments