Пронајдете ги скриените фајлови со Hidden File Finder.

Како што сигурно знаете, оперативниот систем крие одредени фајлови кои се критични за стабилна работата.

На тој начин, помалку искусните корисници не се ставаат во искушение (не)сакајќи да избришат нешто што не треба.

Но, доколку од некоја причина сакате да имате пристап до скриени фајлови, Hidden File Finder детектира секакви фајлови и фолдери кои се скриени, дури и EXE, DLL, односно COM фајлови.

Сè што ќе биде пронајдено од Hidden File Finder може да биде откриено со само еден клик, како и да добиете детален извештај за тоа што се крие зад фајловите. За да го започнете копањето по скриени фајлови, изберете го саканиот хард диск и кликнете на Start Scan.

Најновата, осма верзија на Hidden File Finder ја подобрува брзината на скенирањето.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments