Протекоа фотографии од новиот звучник на Google

Протекоа фотографии од новиот паметен звучник на Google

Google својата линија паметни звучници Google Home минатата година ја преименува во Nest, а оваа година во асортиманот би требало да додаде некој нов производ. Оригиналниот Google Home официјално повеќе не може да се набави од нивниот вебшоп, па јасно е дека се подготвува негов наследник.

Сега прв пат можеме да видиме како овој наследник би требало да изгледа, и тоа по заслуга на Американската регулаторна агенција FCC, која сите слични производи мора да го сертифицира пред да стигнат на пазарот, како и јапонските агенции со иста надлежност.

Непознатиот нов безжичен уред на Google неодамна доби сертификат од FCC, додека од Јапонија протекоа фотографии од уредот со иста ознака од процесот на сертификација, па со тоа е потврдено дека се работи за истиот уред – нов паметен звучник од Nest серијата со вграден Google асистент.

Дизајнерски овој уред е поблизок до линијата Google Home Mini (односно Nest Mini), прекриен е со ткаенина со отвори и повеќе има облик на сапун. Кога е поставен вертикално, висок е околу 22, широк 12 сантиметри, а освен пластичниот сталак со силиконска облога против лизгање и траенина со сива боја од сите страни, на него се истакнуваат само логото на Google, прекинувач за микрофон и влез за напојување, сите сместени од задната страна на уредот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments