Први фотографии од Motorola Razr 2020

Први фотографии од Motorola Razr 2020 моделот

Фотографиите на Razr 2020 телефонот покажуваат доста сличности со неговиот претходник.

Вкупните димензии се слични, тука е истиот засек во врвот на главниот екран, а изгледа дека долниот дисплеј е намален.

Капацитативниот сензор од отпечатокот од прст е отстранет, што значи дека би можел да биде сместен под дисплејот или од страна, во копчето за вклучување.

Надворешниот дисплеј делува неизменето, додека под него има две камери. Според гласините, ова ќе бидат 48MP и 20MP камери. Овоj пат, се очекува и помоќен чипсет во телефонот.

Кога е во прашање името, досега се појавуваа различни решенија, од Odyssey до Razr 5G и Razr 2020 имињата. Останатите детали на телефонот вклучуваат 256GB простор за складирање, поддршка за 18W полнење и nano-SIM картички.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments