Првиот флексибилен паметен телефон на Apple

Ќе има дисплеј произведен од Samsung

Уредите со флексибилни дисплеи постепено стануваат реалност. Технологијата со години е во центарот на вниманието на големите компании.

Прашање на време е кога флексибилните паметни телефони ќе станат достапни за масовниот потрошувач. Не случајно Apple покажува голем интерес и за оваа нова ниша на пазарот.

Креаторите на iPhone нема да брзаат со премиерата на флексибилен смартфон, туку веќе експериментираат со сопствените прототипови.

Apple регистрираше и неколку привлечни патенти поврзани со уредите кои имаат флексибилни екрани, што е исто така показател за нивните планови да станат фактор во овој сегмент на пазарот.

Извори блиски до синџирот на снабдување, исто така, тврдат дека компанијата прави се поголем напредок со првиот iPhone, кој има сличен дизајн.

Она што е уште поинтересно е што компанијата започна со нарачки со Samsung Display, кој развива една од најдобрите технологии за производство на флексибилни дисплеи.

Според податоците, Apple веќе спроведува внатрешни тестови со прототипови на OLED екрани произведени од нивниот голем конкурент.

Apple сака да ги изненади потрошувачите со целосно отстранување на рамката потребна за преклопување, која се наоѓа во средината на екранот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments