Првиот флексибилен ТВ на светот: Започна продажбата, ценaта „вртоглава“ (ВИДЕО).

Конечно во продажба беше пуштен првиот флексибилен телевизор на јужнокорејската компанија „LG“.

Станува збор за ТВ уред со таканаречен „OLED R“ екран со дијагонала од 65 инчи.

Кога велиме фелксибилен, не мислиме на тоа дека екранот му е закривен. Овој ТВ може да се повлече во држачот, се прилагодува со различни размери на сликата, а можe и да се намота во „ролна“ кога целосно не ви е потребен.

Засега е во продажба во седум продавници во Јужна Кореја, а „LG“ тврди дека станува збор за прв ваков уред.

Цената, како што можеше да се очекува е значително висока – 87.000 долари, oдносно околу 73.400 евра.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments