Функција за гласовни и видео повици пристигна во десктоп верзиите на WhatsApp!
Првиот Huawei со Harmony оперативен систем доаѓа во 2021
Оперативниот систем на Huawei – Harmony беше објавен минатата година на коференцијата што ја одржа кинеската компанија. Но се шпекулира дека на овогодинешната конференција на Huawei ќе биде објавена подобрена верзија од оперативниот систем – HarmonyOS 2.0 и дека првиот смартфон со овој оперативен систем можеме да го очекуваме веќе следната година.
Прототип на тој смартфон веќе постои и ќе биде објавен на пазарот во 2021 вклучувајќи и нови уреди како на пример: PC, таблети, смарт часовници и други продукти. Првиот смарт-часовник со HarmonyOS се очекува да искочи до крајот на оваа година.