Првиот лет на надзвучен патнички авион планиран за 2021 година

Повеќе од 50 години од првиот лет на конкордот се подготвува полетување на нов надзвучен авион.

Стартап компанијата Бум суперсоник од Денвер објави дека на 7 октомври ќе го претстави прототипот „икс-би-1“, со третина од големината на новиот суперсоничен комерцијален авион „оверчур“, а тестните летови ќе почнат во 2021.Тој потег ќе помогне во отворањето на патот  за првиот комерцијален надзвучен лет откако беше пензиониран легендарниот „конкорд“ во 2003.„Икс-би-1 е првиот чекор во враќањето на суперсоничните патувања во светот“, кажа Блејк Шол, основачот и директор на Бум суперсоникс.„Летовите со двојно поголема брзина значат дека можеме да патуваме двојно подалеку, што ни приближува нови луѓе, места и култури“.Според Бум прототипот икс-би-1 би требало да ги покаже и докаже „клучните технологии“ на „оверчур“, како конструкцијата од композит на јаглеродни влакна и компјутерски оптимизирана високо ефикасна аеродинамика.Компанијата објави и фотографии од експерименталниот авион во хангар опишан како „најбрз во историјата на приватно развиеното воздухопловство“.„Побрзото патување ни го овоможува искуството на светските нации, култури и места. Со прототипот икс-би-1 покажуваме дека сме спремни да се вратиме на надзвучното патување“.

Компанијата тврди дека резултатите на тестната програма икс-би-1 покажуваат дека е сто отсто карбонски неутрален и дека таквите резултати ќе овозможат да се финализира дизајнот на надзвучниот авион „оверчур“.„Осигуруваме надзвучната иднина да биде безбедна, прифатлива за околината и економски одржлива“, додаде Шол.Според него побарувачката за надзвучното летање расте побргу отколку што очекувала компанијата.Пред пандемијата Бум имал најмалку шест милијарди долати вредни преднарачки за авионот кој чини 200 милиони долари, а меѓу купувачите се Вирџин груп и Џапан ерлајнс кои во компанијата инвестирале десет милиони долари во 2017.„Оверчур“ кој може да прими 55 до 75 луѓе би требало со патнички летови да почне во 2030, пред сѐ на прекуокеанските летови на кои може да се искористи неговата брзина од 2,2 Мах, како релацијата Лондон-Њујорк, на пример. Тој лет би траел само три часа и 15 минути.Авионот дизајниран со помош на најновата технологија за намалување на бучавата со надзвучни брзини би летал само над океанот за да не ги загадува звучно населените места.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments