Првиот проѕирен телевизор

Xiaomi претстави проѕирен телевизор

Телевизорот има 55-инчен, проѕирен OLED панел, кој веројатно е заснован на 55-инчниот LG транспарентен 55EW5TF-A дисплеј. Тука е и истата стапка на освежување од 120Hz, 10-битни бои и 1ms одзив.

Xiaomi реши да слави 10 години постоење на неверојатен начин со лансирање на ТВ Транспарентно издание на Mi TV LUX.

Кога е исклучен, дисплејот на овој телевизор изгледа како парче стакло. Кога е вклучен, делува како сликите да лебдат во воздух, според наводите на компанијата Xiaomi.

Транспарентното издание Mi TV LUX навистина создава ултра-реални искуства за гледање со својот неверојатно тенок екран.

Xiaomi Mi TV Lux OLED Transparent Edition ќе се продава во Кина од 16. август, по цена од околу 7200 долари, а не е познато дали ќе биде достапен надвор од Азија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments