Првите фотографии од Galaxy Z Flip 5G

Објавени првите фотографии за Galaxy Z Flip 5G

Кинеските медиуми објавија две фотографии и неколку спецификации за претстојниот модел.

Samsung сè уште не го претстави својот нов 5G смартфон на преклоп, но на интернет се појавија првите фотографии коишто откриваат како ќе изгледа овој уред.

Новиот Z Flip ќе добие Qualcomm Snapdragon 855 Plus процесор. Ќе има 8 GB RAM меморија, а капацитетот на батеријата ќе изнесува 2.500 mAh.

Ќе бидат направени и мали промени на камерите, освен главната камера од 12 MP ќе има и ултраширока камера од 10 или 12 MP.

Засега не е познато кога ќе биде претставен Galaxy Z Flip 5G, но се очекува дека тоа ќе се случи наскоро.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments