Раст на приходите на PayPal

Порастот на е-трговијата ги зголеми приходите на PayPal

Заработката на PayPal се зголеми за 49% наспроти претходната година, приходите од PayPal се искачија за 25% на 5,26 милијарди американски долари за три месеци заклучно со 30 јуни, соопшти компанијата.

PayPal Holdings (PYPL) објави раст на приходи и вкупниот обем на исплата во вториот квартал, како резултат на растот на е – трговијата во услови на Ковид 19.

„Економијата во светот се трансформира во прва дигитална економија и сметам дека нема да има враќање назад“, рече главниот извршен директор Дан Шулман.

Вкупниот волумен на плаќање се зголемил за 29% или на 222 милијарди американски долари во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.

Акциите на PayPal пораснаа за 2,6%, а  дополнително во извештајот за заработка на PayPal се вели дека отворени се дополнителни 21,3 милиони нето нови активни сметки, најмногу досега во еден квартал.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments