Откриени информации кои ги прикажуваат карактеристиките на OnePlus 9 Pro!
Razer се познати по тоа што прават додатоци за компјутери
Било да е тоа тастатура за игри, глувци, слушалки, контролори, меѓу другите најпознат и еден од квалитетните брендови за гејминг е Razer. Компанијата сега објави нов универзален контролер за игри и е наменет за Андроид телефони што за прв пат беше прикажано на компанијата CES2020.
Всушност, дизајнот на Razer Kishi е инспириран од дизајнот на двата дела на контролерот на Nintendo Switch, вклучувајќи го и распоредот на кој се поставени копчињата и стиксот
Како и да е, за разлика од контролерот на Nintendo Switch, тој не може да се користи безжично, бидејќи привлекува енергија од USB Type-C портата на телефонот до самото напојување.
Razer тврди дека контролорот ќе понуди точна и подобра контрола врз контролите на екранот на допир.Новиот контролер, исто така, доаѓа со посебна апликација наречена Kishi апликација која служи како game launcher и game browser.
Контролерот има цена од 80 долари и може да се купи од продавницата Razer и Amazon.
Kонтролерот моментално е компатибилен со Samsung Galaxy S8 / S8 +, Galaxy S9 / S9 +, Galaxy S10 / S10 +, Galaxy S20 / S20 +, Galaxy Note 8, Galaxy Note 9, Galaxy Note 10 / Note 10 +, Goggle Pixel 2/2 XL, Pixel 3/3 XL, Pixel 4/4 XL, Razer Phone 1 и 2.
.