Разочарувачка вест за корисниците на стар Macbook Pro

Разочарувачка вест за корисниците на стар Macbook Pro

Дали се сеќавате на првиот Macbook Proсо ретина екран? Во 2012 беше објавен првиот Macbook Pro со екран со висока резолуција и од тогаш па се навака квалитетот на екранот се појачува.

Дојде крајот на Macbook Pro 2012

Во споредба со другите компании, Apple своите уреди ги поддржува долги години, но после одреден период ја намалува поддршката. Во овој контекст, Macbook Pro 2012 дојде до крајот на патот.

Според информациите споделени од страна на MacRumors, 8 години по објавувањето точно, на датум 30 Јуни 2020 година, Apple уредот ќе го обележи како стар. Технолошкиот гигант вели дека старите производи ќе бидат ослободени од хардверска поддршка „без исклучок“ во иднина.

По овој датум, нема да можете да добиете поддршка од Apple. Всушност, првиот чекор беше преземен во 2018 година и во рамките на пилот програмата беше возможна само ограничена поддршка. Сепак, како што рековме, поддршката ќе престане целосно од 30 јуни 2020 година.

Покрај тоа што беше првиот модел со ретина екран, Macbook Pro 2012 беше претставен со многу потенкиот дизајн во однос на претходните модели.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments