Realme V5 Претставен како најевтин 5G смартфон досега

Realme V5 Претставен како најевтин 5G смартфон досега

Официјално деби имаше моделот Realme V5 a пристигнува со две посебни карактеристики.Во рамките на новата V серија е како најевтинот 5G телефон во овој момент.Уредот го покренува 7nm MediaTek Dimensity 720 чипсет,6GB или 8GB RAM со 128GB простор.

Има четири камери на задната а од предната страна се наоѓа 16MP камера.Realme V5 има и 5.000mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење преку USB-C порт. „Realme“ ветува полнење на батеријата од 0 до 100% зa 65 минути. Tелефонот е опремен и со „Dolby Atmos“ сертификатот и Hi-Res Audio поддршка.Realme V5 пристигнува во сребрена, сина и зелена боја.

Кога е во прашање цената, телефонот дебитираше во Кина како моментално најевтиниот 5G модел, a конвертирано од кинески јуани тој ќе се продава по цена од околу 215 долари за моделот 6GB/128GB и околу 270 долари за верзијата 8GB/128GB.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments