Драг трка помеѓу Tesla Model Y и Lamborghini Huracan! [ВИДЕО]
Xiaomi ќе го лансира новиот Redmi K30 Ultra
Xiaomi на средината на август во продажба ќе го лансира новиот премиум модел Redmi K30 Ultra кој ќе располага со помоќни перформанси и ќе работи со новиот осум-јадрен Dimensity 1000 процесор.
Исто така Xiaomi Redmi K30 Ultra ќе може да се пофали со издржлива батерија со капацитет од 4500 mAh и супер брзо полнење од 33W.

Redmi K30 Ultra исто така ќе понуди 6,7 инчен OLED дисплеј со стапка на освежување на сликата од 120 Hz, ќе има 12 GB RAM и 512 GB вградена меморија, примарен сензор на главната камера од 64 мегапиксели, 20 мегапикселна селфи камера и повеќе сензори на задната страна.