RedmiBook Air 13 пристигна со 10та генерација Intel i5

Xiaomi го проширува своето портфолио на лаптопи

Xiaomi го проширува своето портфолио на лаптопи, а компанијата сега во Кина го претстави RedmiBook Air 13. Во прашање е Ultrabook со тежина од 1,05 kg, со 13.3-инчен екран.

RedmiBook Air 13 го покренува Intel Core i5-10210Y процесор од 10. генерација, кој може да достигне 4.5GHz во Turbo Boost. Лаптопот доаѓа со 8GB и 16GB RAM, а двете варијанти имаат 512GB SSD. Овој тенок лаптоп има и бакарен модул за спроведување на топлината.

Дисплејот на лаптопот има 2560 x 1600p резолуција, со 16:10 однос на страници, нуди поддршка за 100% sRGB спектар на бои, 300 нита осветлување.

Го напојува 41Wh батерија, која ветува до осум часа работа со едно полнење. Xiaomi со лаптопот испорачува и 65W USB-C адаптер. Лаптопот користи Windows 10 OS, а има два USB Type-C порта, 3.5mm приклучок, Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.1.

RedmiBook Air 13 ќе се најде во продажба од 17. август, по почетна цена од околу 705 долари за 8GB RAM + 512GB SSD варијанта.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments