Најавена нова карактеристика што го носи бизнисот со препораки на Netflix чекор понапред!
Renault ќе го менува името во Alpine во 2021 во F1
Renault потвдри дека неговиот F1 тим ќе го промени името во Alpine за престојната 2021 сезона. Renault официјално искочи со соопштение пред трката Големата Награда на Италија која се одржува на легендарната патека во Монза.

Тимот ќе ја промени бојата за следната сезона во боите на знамето на Франција. Двојниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо, претходно потврди дека се враќа во Renault, односно Alpine, и ќе вози за францускиот тим заедно со Естебан Окон. Фернандо Алонсо ги освои двете негови титули токму за Renault во 2005 и 2006 едноподруго.