Ако сте од тие луѓе што обожаваат адреналин ви ја препорачуваме оваа игра
Направена од тимот кој беше задолжен за критички-признаената Steep, Riders Republic ќе ви дозволи да навлезете во отворен свет и да ги проверите вашите вештини со скии, сноуборди, бицикли.
Доколку сакате ММО, но и екстремни спортови, штотуку најавената игра од Ubisoft се чини дека ќе биде игра само за вас.
Огромниот свет првенствено се состои од националните паркови на САД. На локации како Кањон Брајс, Јосемит, или планината Мамут можете да се тркате сами или со вистински лица.

Оваа ММО игра ќе ви дозволи трки со до 50 други играчи.
Riders Republic ќе излезе во февруари 2021 година.