Римскиот император кој се обидел да го направи конзул својот коњ

Римскиот император кој се обидел да го направи конзул својот коњ

Gaius Caesar Augustus, човекот попознат како Caliqula бил син на генералот Germanicus Julius Caesar и третиот човек со титула на Римски Император. Детството го поминал патувајќи со својот татко се до неговата смрт. После смртта на татко му, неговата фамилија била обвинета за предавство и била протерана во островот Pandetaria.

Со текот на времето, Caligula започнал со својот напредок, се до добивање на титулата на Римски Император. Тој ја задржал титулата се до неговата смрт. Augustus бил познат по тоа што се обидувал да изнервира колку е можно повеќе луѓе. Тоа може да се види според некои од неговите постапки како на пример: ги осудувал затворенците на смрт без да ја сослуша нивната одбрана, огромно зголемување на римските даноци и слични такви работи.

Но можеби најлудата работа што некогаш ја направил е што се обидел да го назначи за конзул неговиот коњ, алудирајќи дека е подобар од некои луѓе. Сето ова евентуално довело до негова смрт откако бил избоден од тројца негови сограѓани.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments