Робот кој не може да се убие

Научници од Беркли создадоа робот кој не може да се убие

Роботот го направија научници од Универзитетот Беркли во Калифорнија, а има импресивни способности. Иако тежи помалку од милиграм, тој мал робот може без проблем да поднесе на него да згазне возрасна личност.

Мал робот, тежок само десетина грама, не изгледа толку издржлив, но е најиздржливиот робот во светот. Роботот може да поднесе да го газат исто како лебарките.

Во научниот труд кој го објавија  во Science Robotics тимот од Беркли појаснува дека роботот е направен од тенок слој поливинил флуорид, кој е прелиен со еластичен полимер. За да може да се движи научниците преку жици пуштаат електрична струја, која го извиткува неговото тело и му помага да се движи.

Иако на прв поглед изгледа како да не може да се движи брзо, научниците тврдат дека е навистина брз и може да помине растојание 20 пати подолго од неговото тело за само 1 секунда.

Научниците од Беркли сметаат дека нивниот робот би можел најдобро да се користи во акции за потрага и спасување како тие после земјотреси или други временски непогоди. Во случаи кога е премногу опасно за луѓето или за кучињата-трагачи, овој робот ќе може да се протне меѓу рушевините и да ги бара преживеаните.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments