Ројтерс потврдува дека Samsung ќе престане да ја произведува линијата Galaxy Note.

Она што започна во август како скриена гласина, а во последниве месеци доби повеќе внимание, сега се чини дека се остварува – Samsung навистина ќе престане да ја произведува телефонската линија Galaxy Note.

Најновата потврда за овие тврдења доаѓа од Ројтерс, и се заснова на информации од три извори кои имаат сознанија на оваа тема.

Наводниот потег на јужнокорејската компанија е последица на послабата побарувачка за премиум телефони поради ситуацијата со пандемијата COVID-19. Samsung, наводно, планира да ги премести своите развојни ресурси, кои ќе ги насочи кон линијата на флексибилни телефони.

Еден извор спомнува и дека Samsung планира да обезбеди поддршка со S Pen за Galaxy S21 Ultra и следниот флексибилен телефон на компанијата.

Останува да видиме дали споменатите гласини ќе се остварат, а некои од нив би можеле да бидат потврдени уште во јануари, кога се очекува да биде објавена серијата телефони Galaxy S21.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments