Емулаторот Rosetta 2 може да се отстрани од M1 Mac со macOS 11.3!
Што нуди Rolls Royce за 273.000 eвра
Овој Rolls Royce се нарекува Ghost и чини 273.000 евра, a го придвижува 6.75-литарски V12 твин-турбо мотор со 571 KS и 850 Nm.
Нема сомнение дека и основната верзија на Rolls Royce е повеќе од автомобил.
Возилото има погон на сите четири тркала, но сите тие се управуваат, додека моќта се пренесува преку осумстепениот ZF менувач.
Имено, системот ја следи GPS позицијата и зависно од конфигурацијата на патот го избира оптималниот пренос, на пример пред свртување самиот ќе префрли во пониска брзина.

Во кабината е забранета било каква непосакувана бучава. Доволно е да се каже дека каналите за вентилација дополнително се полираат со цел струењето на воздухот да биде апсолутно нечујно.