Розов снег во Италија

Розов снег на глечер во Италија ги загрижи научниците

Розов снег се појави на глечерот Пресена во северна Италија, изјави вчера геофизичарот Бијаџо Ди Мауро од италијанскиот институт за поларни науки.

Иако снегот во боја на лубеница е прилично честа појава на Алпите во пролет и лето, оваа година тој беше со поинтензивна боја и пораспространет.

Кога Ди Мауро во саботата го посетил глечерот, тој забележа прилично впечатлив цут на снежните алги. Тој за Си-ен-ен изјави дека алгата Кламидомонас нивалис е одговорна за оваа розова боја на глечерот.

„Оваа пролет и лето немавме многу снежни врнежи, а регистрирани се високи атмосферски температури. Тоа е совршено опкружување за раст на алгите“, објасни геофизичарот.

Цветањето на алги е лоша вест за глечерот, бидејќи темниот снег апсорбира повеќе енергија, што значи дека глечерите ќе се топат уште побрзо.

Глечерите ширум светот се побрзо се растопуваат како резултат на климатските промени. Во октомври 2019 година, откриено е дека глечерите во Швајцарија се намалиле за 10% во последните пет години.

На Антарктикот, гигантскиот глечер Денман во последните 22 години се повлекол скоро пет километри. Ако овој глечер се стопи целосно, нивото на морето ќе се искачи за скоро 1,5 метар.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments