Русија пушти свој интернет во вселената

Русија пушти свој интернет на Меѓународната вселенска станица

Рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица е приклучен на широкопојасен сателитски канал за комуникација со Земјата, а космонаутите повеќе немаат потреба да ги користат американските канали.

Во видеоснимката објавена на јутјуб-каналот на ракетно-космичката корпорација Енергија се вели и дека сега во текот на една орбита на Меѓународната вселенска станица околу Земјата која трае 92 минути.

Врската се воспоставува преку домашни сателити-примопредаватели Луч двапати по 30 минути. Засега работат два вселенски апарата.

„Космонаутите досега можеа да остварат комуникација со Земјата единствено кога летаа над руска територија, а за комуникација надвор од наведената зона ги користеа американските средства за врска.

Во овој момент повеќе не зависиме од нашите колеги и американскиот сегмент на станицата“, изјави директорот на одделот за дигитален развој на државната корпорација Роскосмос Константин Шадрин.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments