S-Class DIGITAL новиот луксузен седан

S-Class DIGITAL – прв увид во новиот луксузен седан

Mercedes-Benz ја проширува својата дигитална информациска платформа со дополнителен формат на вести за новата S-класа, која својата светска дигитална премиера ќе ја има во септември.

Во вкупно три епизоди кои започнуваат на 8 јули 2020 година, „Meet the S-Class DIGITAL“ ќе ви овозможи прв увид во некои од иновациите кои на новиот луксузен седан треба да му ја зацврстат водечката позиција, според компанијата, најдобар автомобил во светот.

Форматот Meet the S-Class DIGITAL, се состои од модерирани емисии со интервјуа во студио, како и извештаи од локации и тест-патеки. Секоја емисија е придружена со детални информации во форма на видеа, графика, медиумски текстови и фотографии. Можен е дури и разговор со експерти од Mercedes-Benz.

Првата епизода од Meet the S-Class DIGITAL насловена како My MBUX ќе се емитува на 8 јули 2020 година во 11:30 часот и се однесува на новата генерација на Mercedes-Benz User Experience (MBUX).

Саџад Кан, член на Управниот одбор на Mercedes-Benz AG, одговорен за CASE и Горден Вагенер, главен директор за дизајн за Daimler AG, детално ќе ги презентираа новите можности за интеракција и персонализација.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments