Samsung забележа раст на заработка од 23%

Samsung забележа голем скок на продажбата

Вториот по големина производител на паметни телефони во светот соопшти дека оперативниот профит во вториот квартал од годината пораснал за 23% во однос на претходната година, но тоа не се должи на продажбата на паметни телефони.

Samsung забележа голем скок на продажбата поттикнат од милионите луѓе кои работат и учат од дома во текот на пандемијата.

За овие резултати помогнала големата побарувачка за компјутерски чипови, што поттикна раст на цената на тој производ на глобалниот пазар. Дата-центрите ги прошириле капацитетите за да се поддржи работата и учењето од дома.

Други големи производители на мемориски чипови забележале скок на заработката поради се поголемиот број луѓе кои се постојано дома и го користат Интернетот за работа.

Samsung најави дека очекува и зголемување на продажбата на смартфони во наредниот период.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments