Samsung Galaxy A01 Core

Карактеристики и дизајн на Samsung Galaxy A01 Core

Новиот телефон на Samsung, Galaxy A01 Core е објавен на страницата Google Play Console.Така што станаа јасни почетните карактеристики и дизајн на уредот.

Компанијата  Samsung со седиште во Јужна Кореја, се подготвува да објави нов модел кој за ниската класа. Новиот  Galaxy A01 Core по произлегувањето на Bluetooth SIG сертификатот за Bluetooth 5.0, овој пат се појави и на Google Play Console со своите карактеристики и дизајн.

Според објавата на Google Play Console се гледа дека телефонот ќе има дебела рамка од горната и долната страна и дека ќе биде за ниска класа. Долниот дел не е премногу дебел за поставување на копче. Од друга страна, телефонот има голем екран така што ја прати модата.

Уредот Galaxy A01 Core ќе биде за ниска класа

Galaxy A01 Core ќе се напојува од Mediatek MT6739WW. Процесорот што претходно го видовме во Nokia 1 Plus има 4 јадра Cortex-A53 кои работат со брзина на од 1,5 GHz. Иста така се нагласува дека уредот ќе содржи оперативен систем Андроид 10.

Уредот кој е за ниска класа ќе има екран од 720p резолуција (720х1480 пиксели) и само 1GB рам. Телефон со таков стар чипсет и само 1 GB RAM меморија исто така може да се очекува да работи со верзијата на Android Go Edition наменета за паметни телефони со помалку од 2 GB RAM меморија.

Уредот Galaxy A01 Core исто така на веб страницата Wi-Fi Alliance е виден со модел броевите SM-A013F и SM-A013F_DS (поддршка на две SIM-картички). Тоа значи дека Samsung, се подготвува уредот да го продава на повеќе пазари. Уредот Galaxy A01 Core ќе има поддршка на Wi-Fi 802. 11 b/g/n. Сертификатот уште еднаш го потврди оперативниот систем Андроид 10.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments