Samsung Galaxy M51 официјално дебитира со батерија од 7000 mAh

Samsung Galaxy M51 официјално дебитира со батерија од 7000 mAh

Новиот смартфон на Samsung се шпекулираше дека првпат ќе биде пуштен во продажба во Индија и источна Азија, но всушност се појави на официјалната веб страна на Samsung во Германија.

Смартфонот се карактеризира со енормна батерија од 7000mAh, која може да трае повеќе од 2 дена со едно полнење. Други перформанси на овој смартфон се Snapdragon 730 чипсет, octa-core процесор споен со 6 гигабајти рам и 128 гигабајти меморија за складирање која може да биде појачана со microSD картичка.

Eкранот е 6.7 инчи со FHD+ резолуција и читач за отпечаток од прст на страната. Има 4 камери од задната страна од која најјаката е со 64 мегапиксели. Цената на овој смартфон за pre-order ќе изнесува 360 евра, а ќе може да го добиете на 11ти Септември.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments