Samsung Galaxy S21 е тестиран на Geekbench со 8 GB RAM и чип Snapdragon 888.

По официјалното сертифицирање и протечените рендери на претстојната серија Samsung Galaxy S, последниот доказ за постоењето на моделот Galaxy S21 доаѓа од Geekbench, каде што беше тестиран телефонот.

Телефонот носи ознака на моделот SM-G991U, додека чипсетот е наведен како „лахаина“. Тоа е кодно име на неодамна објавениот чипсет Qualcomm Snapdragon 888. Покрај тоа, телефонот е наведен со 8 GB RAM и Android 11.

Иако моменталните резултати не се импресивни на тестот Geekbench 5.2.5, причината е веројатно дека Samsung сè уште го оптимизира софтверот на овој уред.

Серијата Samsung Galaxy S21 се очекува многу порано од вообичаеното – во средината на јануари. Најмоќниот модел што се нуди (S21 Ultra) се очекува со поддршка за S Pen, и се верува дека е наследник на серијата Note која наводно се исклучува.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments