Samsung го најави својот Unpacked настан

Samsung официјално го најави својот Unpacked настан 5. август

Samsung објави дека Unpacked 2020 настанот ќе се одржи во живо на 5. август. Се очекува дека во текот на оваа презентацијата ќе бидат потврдени гласините за Galaxy Note20 линијата, како и некои други уреди.

Презентацијата ќе може да се следи преку стрим, на сајтот на Samsung и веројатно на Facebook страницата на компанијата.

Иако Samsung тоа не го потврди, речиси е сигурно дека ќе видиме претставување на Galaxy Note20 серијата телефони. Самата компанијата на своите страници објави дека во подготовка е Mystic Gold верзија на Note20.

Се очекува дека следниот Note ќе има напреден систем на камери и SpaceZoom функција. Исто така, се очекува дека Samsung ќе продолжи да го подобрува и S Pen.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments