Samsung го претстави домашното кино The Premiere

The Premiere е прв проектор од овој вид

Компанијата Samsung Electronics на неодамна одржаната виртуелна конференција Life Unstoppable го најави The Premiere – новиот 4K Ultra Short Throw ласерски проектор.

Благодарение на големиот формат за прикажување на слика, овој ултрамодерен проектор на корисниците им овозможува кино искуство на гледање филмови од удобноста на домот.

The Premiere е новиот врвен додаток на наградуваната линија на lifestyle производи, што го надминува секое претходно искуство на гледање – и тоа без екран.

Овој врвен проектор ќе биде достапен со моделите LSP9T од 130 инчи и LSP7T од 120 инчи кои со ласерски погон проектираат слика во 4K резолуција.

The Premiere LSP9T е првиот проектор во светот со HDR10+ сертификат, а е опремен со тројна ласерска технологија.

The Premiere е прв проектор од овој вид, за што сведочи и Filmmaker Mode – единствената опција преку која корисниците можат да уживаат во филмовите на начинот на кој што замислувале режисерите.

Овој паметен уред е опремен и со платформата Samsung Smart TV, која нуди streaming video апликација за мултимедијална содржина, како и опции за поврзување на мобилни уреди, како што се Tap View и Image mirroring.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments