Samsung случајно го објави својот следен премиум смартфон
Samsung случајно го објави својот следен премиум смартфон, еден месец пред неговото официјално претставување.На страниците на компанијата за Note 8 во Русија, Кина и Украина, се појавија фотографии од новиот телефон од Note серијата.
Фотографиите покажуваат дека Note20 Ultra изгледа ќе користи перископ телефото објектив. Како што може да се види, долниот објектив има нешто поинаков дизајн во однос на другите две камери на задната страна. Други информации за смартфонот не се познати во овој момент.
Според наводите на дојавувачот Max Weinbach, кој меѓу првите ги забележа фотографиите, се уште необјавениот уред всушност е Galaxy Note20 Ultra. Телефонот е прикажан во нова варијанта на боја, под името Mystic Bronze.
Се очекува дека Samsung на почетокот на август ќе ја претстави Note20 серијата.