Samsung и Stanford развија OLED екран кој има 10.000 пиксели на инч.

Истражувачите од Stanford работејќи на технологија за помали и потенки соларни панели, доаѓаат до ова откритие од кое ќе имаат корист телевизорите, мобилните и ВР уредите.

Со технологија која првично е развиена за соларни панели, истражувачите од Stanford во соработка со SAIT – Samsung Advanced Institute of Technology, имаат развиено нов OLED панел кој може да прикажува дури 10.000 пиксели на инч.

За споредба, денешните мобилни телефони кои имаат доста „густа“ поставеност на пикселите, одат до вредност од околу 500 пиксели на инч, па може да се замисли за колку голем број на пиксели се работи во овој случај, односно за колку голема резолуција.

Иако се истакнува дека од оваа технологија, која сепак ќе почекаме некоја година пред да ја видиме официјално во некој производ, ќе имаат корист телевизорите и мобилните, сепак најголемата предност ќе биде постигната кај уредите за виртуелна реалност.

Овие уреди, со оглед на тоа што се поставуваат на лицето и се на само неколку сантиметри од очите, се склони кон тоа да лесно им се гледаат пикселите, па дури и во повисока резолуција.

Ова секако претставува проблем за корисничкото искуство, па 10.000 пиксели на инч ќе овозможат да окото не може да ги виде посебните пиксели, дури и од малата оддалеченост со носење на ВР уред.

Со оглед на тоа дека ВР уредите уште се далеку од популарноста на мобилните уреди, таблетите и компјутерите, ваквите откритија и напредок на технологијата, сигурно ќе придонесат кон нивна поголема продажба во иднина.

Доколку ве интересираат и ги разбирате техничките аспекти од новиот OLED екран, можете да ја прочитате официјалната статија од Stanford каде има и линк од целото истражување.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *