Samsung ќе поседува 80% од бизнисот со флексибилни телефони

Конкуренцијата за флексибилни паметни телефони само ќе се продлабочи

Samsung и Huawei се најактивните производители во развојот на флексибилни паметни телефони во последните две години.Треба да ја споменеме и Motorola, која вдахна нов живот во класичниот дизајн „Clamshell“ со Motorola Razr (2019).

Големиот интерес на потрошувачите го натера Samsung да го претстави својот сопствен конкурент со слична визија, која се вика Galaxy Z Flip.

Конкуренцијата за флексибилни паметни телефони само ќе се продлабочи, што е добра вест за нас потрошувачите, бидејќи ќе ја намали цената на уредите.

Експертите од консултантите за снабдувачки синџири Диспај (DCSS) официјално ја објавија својата прогноза за развој на овој пазар во 2020 година.

Според нив, Samsung ќе стане единствениот лидер во сегментот на флексибилни паметни телефони и ќе генерира над 80% од целата продажба.

Водечки фактор е атрактивното портфолио што компанијата сака да го изгради и иновациите со кои се обидува да ги разликува своите производи. Проблемите на Huawei, исто така, позитивно влијаат на стратегијата на компанијата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments