Samsung најавува 6G иднина

Samsung најавува 6G иднина, очекува холограми во 2030

Според Samsung, првата комерцијализација на 6G мрежата би можела да биде достапна веќе во 2028 година, додека масовната комерцијализација би можела да се случи во 2030 година.

Телекомуникациските компании напорно работат на имплементација на 5G конекцијата во секојдневниот живот, а очигледно е дека некои веќе работат и на следната 6G мрежа.

Samsung објави анализа под името „The Next Hyper-Connected Experience for All“ во рамките на која укажа на тоа кои се клучните полиња за разбој и кои се пречките.

Јужнокорејската компанија истакна дека и луѓето и машините ќе користат 6G, а ќе овозможат имерзивен XR, мобилни холограми и дигитални реплики. Шефот на истражувачкиот центар за напредни комуникации на Samsung истакна дека неговиот тим веќе почнал истражување и развој на 6G технологиите.

Постојат три категории на барања кои Samsung ги означува како пречки за иднината на 6G развојот – барања во поглед на перформанси, архитектура и доверливост. За да работи 6G без проблеми, би требало да се обезбеди максимален проток на податоци од 1000 Gbps (50 пати побрзо од 5G), а латенцијата би требало да биде помала од 100 микросекунди.

Иднината на 6G конекцијата подразбира и терахерц (THz) опсег на фреквенции, нови решенија за антени, напредни дуплекс технологии, подобра топологија на мрежата и употреба на AI технологии во безжичните комуникации.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments