Samsung подготвува сензор од 600 мегапиксели.

Според наводите на дојавувачите, кои имаат добри интерни врски врски во компанијата Samsung, потврдено е дека компанијата навистина работи на 600MP сензор.

За тоа да го докаже, дојавувачот објави слајд кој е дел од оваа интерна документација или презентација.

Слајдот открива доста информации – од некои главни спецификации до мотивацијата која довела до спроведување на овој проект. Се истакнува дека 4K и 8K снимањето на видеа станува се повеќе прифатено. Samsung сака тоа да го покрие со поголем сензор, кој овозможува зумирање на видеата без преголемо компромитирање на квалитетот.

Меѓутоа, ISOCELL 600MP сензорот со големина на пикселите од 00.8µm не се очекува во поскоро време, бидејќи Samsung мора да пронајде решение за испакнување на камерата. Сензорот со големина 1/0.57″ би зазел околу 12 проценти од задниот панел на телефонот, со испакнување на големината од околу 22 милиметри.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments