Samsung престана да снабдува хардвер за Huawei

Huawei ќе се соочи со сериозни проблеми со снабдувањето со хардвер

Од една страна, нè чека премиерата на Huawei Mate 40 и Mate 40 Pro, но од друга страна, компанијата ќе се соочи со сериозни проблеми со снабдувањето со хардвер.

Американската влада веќе го одобри пакетот нови санкции против Huawei, кои ќе стапат на сила на 15 септември. Ова е причината зошто TSMC доставува огромни количини на 5-нанометарски процесори до својот партнер.

Лошата страна на компанијата е што TSMC не е единствената марка што нема да може да работи со Huawei по тој датум.

Најновите податоци од корејските електронски изданија откриваат дека Samsung и SK Hynix, исто така, ќе го прекинат снабдувањето со хардвер за Huawei по 15 септември.

Останува можноста САД да дозволат Huawei да купува сензори и процесори за ограничен временски период без потреба од дополнителни лиценци.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments