Samsung со телефон со батерија од 6.800 mAh

Samsung телефон од средната класа со батерија со 6.800 mAh најавен за можно претставување

Додека главниот акцент кај мобилните телефони може да се каже дека е кај камерите, сепак батеријата е нешто што нема корисник кој не би сакал да може да ја полни многу поретко.

Додека чекаме уште да се најави за напредок во технологијата за батерии станат реалност, а голема шанса во истото има Samsung, тоа што прави некаква разлика е подобрувањето на ефикасноста на чиповите и слично.

Сепак, доколку неофицијалните информации за претставување на телефон од средната класа од страна на Samsung со батерија со капацитет од 6.800 mAh се покажат како точни, корисниците на овој телефон нема толку да размислуваат за напредокот на технологијата на батериите.

Овој капацитет на батерија, во комбинација со компоненти од уред од средната класа, значи послаб процесор, помалку пиксели на екранот и слично, би овозможило овој уред да може да издржи сигурно барем два дена без потреба од полнење на батеријата.

Додека повторно се вратиме на времето кога полнењето на мобилните телефони се правеше најрано на 3 дена, сепак вакви уреди ќе бидат добредојдени во меѓувреме.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments