Samsung го патенитра дизајнот на телефон кој се преклопува во вид на Z

Samsung го патенитра дизајнот на телефон кој се преклопува во вид на Z

Samsung кој во пазарот на преклопувачки телефони влезе со моделот Galaxy Fold, објавено е дека го зема патентот на дизајн на телефон кој се преклопува во вид на Z. Ајде подетално да го разгледаме овој дизајн, кој има многу иновативна структура.

Samsung, кој сака да добие поголем удел и да направи разлика на пазарот со преклопувачки телефони, неодамна го доби патентот за дизајн на нов паметен телефон кој се преклопува. Благодарение на овој чудесен дизајн, телефонот ќе може и однапред и одназад  да се преклопува во вид на Z. Можеме да кажеме дека овој дизајн, кој е патентиран од Самсунг, може да биде „свиткан“ наместо да е склопен, за разлика од она што го видовме особено во преклопните телефони што се објавени неодамна или во патентите за склопување на телефони што се појавија.

Како што можеме да забележиме од објавената фотографија на патентот, телефонот може да се преклопи и на двете страни воендо. Сеуште не се знае како би се користел ваков телефон кој се преклопува и на двете страни. Прашањето „како би работел екранот“ ни овозможува да размислиме дека можеби овој дизајн нема да биде особено за телефон. Како одговор на ова прашање ни е тоа дека патентот не е добиен за фирмата на Samsung која произведува телефони, Samsung Electronics, туку за фирмата на Samsung која произведува екрани, Samsung Display.  Така што тоа значи дека пред паметен телефон ова може да ни се појави само како екран кој може да се преклопува.

Дизајн кој Samsung го патентира

Како што можеме да видиме и на цртежите за дизајн кој е патентиран, нема ниту копче ниту било каква камера врз дизајнот. Дизајнот колку и да е наречен „Flexible Smartphone“, сепак поради тоа што дизајнот е пантериран од Samsung Display, остава знак прашалник за тоа дали телефонот ќе биде произведен од страна на Samsung.

Исто така има новости дека Samsung дека го подготвува својот преклопувачки телефон Galaxy Fold 2. Според информации од Јужна Кореа, телефонот во моментов е во сериско произведување и во август оваа година ќе биде пуштен во продажба. Исто така според информации од Јужна Кореа, Samsung покрај Galaxy Fold 2, планира да претстави и нов модел наречен Galaxy Fold Lite.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments