Samsung Wireless Charger Trio

Нов безжичен полнач што истовремено може да полни смартфон, паметен часовник и слушалки

Wireless Charger Trio може брзо да ги полни Samsung телефоните до 90W. Тука е и поддршката за Qi уреди до 5W и поддржува 7.5W полнење за Apple производите.

Претходно во текот на овој месец, Samsung ги претстави Galaxy Tab A7 и Galaxy Fit2, а го најави и Wireless Charger Trio – нов безжичен полнач што истовремено може да полни смартфон, паметен часовник и слушалки.

Уредот има вградени LED индикатори кои даваат информации за статусот на полнењето. Димензиите на полначот изнесуваат 240 x 86 x 15,5 милиметри, а тежок е 320 грама.

Полначот ќе биде достапен во црна и бела боја и ќе ги поддржува премиум моделите на Samsung (Galaxy S, Note, Fold i Z серијата), Galaxy Buds (+) и Galaxy Buds Live, како и Galaxy Watch часовниците со поддршка за безжично полнење.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments