Се формира нов остров во близина на Хаваи

Нов остров во близина на Хаваи

Научниците открија дека во Тихиот Океан, на оддалеченост од околу 30 километри од Хаваи, се формира нов остров на длабочина од околу 900 метри од морската површина, објави американска геолошка агенција.

Подводниот вулкан Лоихи е активен вулкан повисок од планината Света Елена, велат од агенцијата. Над морската површина тој би бил висок три километри.

Вулканот Лоихи е најнов во тој регион, но почнал да се формира пред околу 400.000 години, а од истиот извор на магма се создале и Хавајските Острови.

Во 50-тите години биле регистрирани повеќе земјотреси во тој дел од океанот, што покажувало дека веројатно има активен вулкан под водата. Најновите земјотреси во мај им помогнале на научниците да го следат развивањето на дел од површината на океанот во остров.

Не купувајте билети уште сега поради тоа што треба долго време да пројде за да може да го посетите.Научниците не очекуваат островот да излезе над морската површина во следните 10.000-100.000 години.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments