Се продава Мерцедесот на Мајкл Џордан

Престижниот Мерцедес некогаш бил во сопственост на познатиот кошаркар

Станува збор за автомобил од 1996 година, моделот и денес е сè уште престижен. И во рамките на поимот престиж во Мерцедес, зборуваме за примамливата комбинација на купе и V12 мотор.

Моделот S600 е придвижуван од 6,0 V12 мотор од 400 КС. Освен тоа, автомобилот дополнително е преправен од реномираниот тјунер за Мерцедеси, Лоринер.

Автомобилот е во пристојна состојба и поминал околу 250.000 км. Автомобили како овој се продаваат за околу 3.500 американски долари во САД, додека овој со славниот сопственик во моментов се договара за 55.100 долари на аукција на eBay.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments