Се зголемуваат мерките против Huawei

Се зголемуваат мерките против Huawei

Мерките против Huawei се зголемуваат. По лошите вести од Англија и САД, објавени се нови гласини според кои се претпоставува дека земјите ќе превземат мерки како одговор на чекорот за 5G на Huawei.

Иако Англија, претходно беше во добри односи со компанијата веќе почна да превзема мерки против компанијата. Се зборува дека на овие две држави ќе им се приклучат и други земји.

Мерки против Huawei

Неодамна објавено е дека Англија крои планови за да го ограничи користењето на Huawei во државата. По оваа вест која е објавена од страна на англиските медиуми, изјавено е дека ќе се превземст меѓународни мерки. Според овие информации, претседател на САД, Доналд Трамп, во врска на оваа тема ќе им понуди заедничка работа на земјите G7.

Во групата G7 се наоѓаат: САД, Германија, ЕУ, Соединето Кралство, Франција, Италија и Канада. Очигледно дека уште на почеток САД и Англија се против компанијата.

Англија, од САД бара да состави група од 10 држави кои ќе бидат против компанијата. Се зборува дека ќе се приклучат уште три држави: Австралија, Јужна Кореа и Индија.

Моментално се очекува како ќе одговори Huawei на сите овие превземени чекори.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments