Драг трка помеѓу Tesla Model Y и Lamborghini Huracan! [ВИДЕО]
Sebastian Vettel потпиша за Aston Martin
Aston Martin се враќа во најбрзиот мотор-спорт F1 во 2021. Тие изјавија дека новата ера ќе ја започнат со потпишувањето на четирикратниот светски F1 шампион Sebastian Vettel. Потпишувањето на популарниот Себ ни укажува јасно какви амбиции има новиот тим во престојната сезона.

Sebastian ќе донесе свежина во тимот, тој е еден од најкомплетните и најуспешни возачи кој некогаш се натпреварувале во спортот. Тој е исто така меѓу најпочитуваните возачи на гридот и знае како да победува. Моментално Себ има 53 победи и 67 завршници на подиумот. Сите 4 титули успеа да ги освои од 2010 до 2013 едноподруго.